Концерт на македонски уметници на „Интерфест“ во Битола

Од:

Дваесет и петтото издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на уметници од Македонија кои истовремено го слават златниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност-Скопје, односно 50 години од формирањето.

На концертот што ќе се одржи во салата на клавирите во битолскиот Музеј ќе настапат Ѓорги Петрушевски (обоа), Полина Тасева (сопран), Љубица Делева (виолина) и Тамара Коминовска (пијано), а пијано соработка ќе овозможи и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска.

– „Интерфест“ завршува на 12 октомври, до кога целовечерни концерти на класична музика ќе приредат и пијанистите Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани од Италија, гитаристот Горан Кривокапиќ од Црна Гора, а на затворањето концерт ќе приреди Олег Маршев, пијанино, руски уметник кој сега живее и работи во Австрија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска