Концерт на „Македонски квартет труби“ во Виница

Од:

За поголема популаризација и промоција на трубата како инструмент во класичната музика, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница се одржа концерт на „Македонски квартет труби“.

Настапот беше со поддршка од Министерството за култура преку Новиот културен бран за реализација на програми со млади дипломирани трубачи од државата.

Пред виничката публика се претставија четворицата трубачи од Факултетот за музичка уметност во Скопје – Бојан Митрески, Васко Рошков, Гоце Цоневски и Стојанче Косовски. Во едночасовната програма исполнија композиции од Брант, Рејмонд, Норман, Џоплин, Верди и Гершвин.

Во рамки на Новиот културен бран во Виница е отворена и изложба на плакати на графичкиот дизајнер Маријана Иванова, а ќе следува уште еден концерт, како и театарска работилница за деца што е дел од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска