Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена

Од:

Гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Виена, каде што ќе одржи концерт посветен на македонското творештво. Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која живее и работи во австриската престолнина.

На концертот, кој ќе се одржи во салата на Дипломатската академија во Виена, ќе бидат изведени делата: „Стари танци“ од Властимир Николовски, „Песна и Танец“ од Тома Манчев, Концертна пиеса за гудачи и пијано од Сони Петровски, „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски, како и две композиции од австрискиот композитор Франц Шрекер.

Како што соопшти Филхармонијата, творбите со кои ќе се претстави оркестарот се дела на автори од различни генерации македонски композитори, исклучителни претставници на македонската музичка култура, чиј музички опус претежно е инспирација од богатиот фолклор на поднебјето од каде што доаѓаат.

Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Австрија и македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска