Концерт на квартетот „Мивос“ од САД на Денови на македонска музика

Од:

Во среда (6 април) во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Мивос“ од САД.

На програмата свои македонски премиери ќе доживеат делата на Фелипе Лара, Дејвид Бринјар Францон и Роберт Хонстајн, заедно со светските премиери на квартетите на Маријана Јаневска и Валентина Велковска-Трајановска, како и често изведуваниот квартет „Распеви“ од Гоце Коларовски.

Составен дел од проектот е и предавањето на тема „Екстензивни техники на гудачките инструменти“ кое на 5 април ќе се одржи во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, со почеток во 11 часот.

Квартетот Мивос, “еден од најхрабрите и најинтензивни нови музички ансамбли во Америка (TheChicagoReader), е верно посветен на изведувањето дела од современи композитори, пласирајќи нова музика на публика од различна структура. Од самите почетоци во 2008година, квартетот изведува и тесно соработува со секој пат побројна група меѓународни композитори кои презентираат повеќеслојна естетика на современи класични композиции.

Како дополнение на нивната работа на меѓународно ниво, Мивос е активен и во едукација со водење работилници насекаде во светот. Квартетот исто така ги одржува годишните Мивос/Кантер награди за композиција на гудачки квартет, основани за да ги поддржат младите композитори, а и оние во подем, како и да го охрабрат континуираниот интерес за компонирање нови дела наменети за гудачки квартет.

Покрај идејата за прошируваање на репертоарот напишан за гудачки квартет, Мивос исто така се залага за соработка со гости изведувачи, истражувајќи мултимедијални проекти кои вклучуваат и видео и електроника во живо, создавајќи оригинални композиции и аранжмани за квартет, воедно и изведба на импровизирана музика.

Членовите на Мивос се: виолинистите Оливија Де Прато и Џошуа Модни, виолистот Виктор Лори и челистотМариел Робертс. Од нив, секој посебно е познат по својот индивидуален извонреден глас во современата музика, како и по честите изведби со водечки ансамбли во новата музика, вклучително и асамблите Сигнал, Виктоар и Вет Инк. Сите се дипломци на програмата Мајстори за современа изведба на Школата за музика на Менхетен.

Овој проект е поддржан од Mid Atlantic Arts Foundation преку USArtists International во парнерство со Националната донација за уметност и фондацијата Ендру В.Мелон

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска