Концерт на КУД „Бисер“ од Кичево пред прилепската публика

Од:

Културно-уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево гостуваше во Прилеп со целовечерен концерт. Членовите на Друштвото во најдобро светло се претставија пред прилепската публика и покрај подолгата пауза без активно работење поради Ковид-19.

– На платото на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва одржавме целовечерен концерт со кој се претставивме пред прилепската публика. Нашите играорци се претставија со сплетови ора и игри „Лазаренка“, „Ѓурѓовден“, „Посеље“, „Истерување на чумата“ и „Копачија“, истакна Цане Ѓорѓијоски, кореограф на КУД „Бисер“.

Покрај играорната група, се претстави и оркестарот на Друштвото, а за вокалната изведба се погрижија солистот Ѓоко Секулоски и пејачкото трио Миноски, Секулоски и Делески.

– Концертот се одржа со примена на мерките за заштита од Ковид-19. Беа присутни 150 гледачи, кои сметаме дека беа задоволни од изведбата на нашето Културно-уметничко друштво, рече Ѓорѓијоски.

Додаде дека наредната сабота, 2 октомври, на сцената со ротирачка купола на Китино Кале КУД „Бисер“ ќе го одржи традиционалниот годишен концерт.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Вклучен е алармот: Кичево денеска е најзагаден град во Македонија

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски