Со концертот за пијано и обоа во изведба на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија, Македонија се вклучува во меѓународната програма на јубилејниот 10. Фестивал на уметностите, посветен на бугарскиот оперски пејач со светска слава, Борис Христов.
Нашите познати музички уметници ќе се претстават со повеќе дела, меѓу кои и „Сонатата за обоа и пијано“ од Стојан Стојков.
Концертот на Кристина Светиева и Томе Атанасов во Софија е дел од Годишната програма на Македонскиот културен центар во Софија, а финансиски поддржан од нашето Министерство за култура.
На овој музички фестивал ќе настапат бројни бугарски музички уметници, како и гости од Австралија, Германија, Шведска, Финска, Кипар и Грција.