На Фестивалот на класична музика „Интерфест“ во Битола вечерва концерт ќе одржат кипарските уметници Рија Танер, пијано и Динцер Озер, ударни инструменти.
Уметниците кои доаѓаат од турскиот дел на Кипар ќе изведат дела од светската класика, но и од современото турско творештво.
Синоќа, во битолскиот Музеј настапија уметниците од Италија Рафаел Бертолино, кларинет и пијанистката Александра де Винко кои исполнија дела од Телеман, Моцарт, Росини, Гудман и Пиацола.
Фестивалот на класична музика „Интерфест“ што се одржува под покровителство на Минситерството за култура завршува утревечер.