Концерт на Ивона Нацевска и Андреј Наунов

Од:

Ивона Нацевска е млада оперска пејачка, уметник, кој својот талент, посветеност и љубов кон музиката ги покажува од рано детство. На своја 5 годишна возраст станува член на детскиот хор „Лале“ во Тетово, подоцна и во ГЖМХ „Менада“.

Низ нејзиното музичко образование таа зема учества на концерти и многубројни натпревари во Македонија, Србија и Бугарија.

Нацевска е родена на 12 март 1999 во Тетово и уште од најрана возраст започнува да ја изучува сериозната музика, најпрво како пијанист, посетувајќо го нејзиното нижо музичко училиште во градот, а подоцна како вокален изведувач, поттикната од големите оперски изведувачи.

Водена од забава и љубопитност посетувајќи го детскиот хор „Лале“, Ивона со големо нетрпение и радост влегува во светот на музиката.

Дипломирањето на Ивона на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е проследено со нејзин солистички концерт во фоајето на Национална опера и балет.

Во текот на изминативе години Ивона има остварено награди на меѓународни и државни натпревари.

Концерти посветени на руската романска во Софија (Бугарија), оперски гала концерт „Коста Трпков“, концерт на „Живеј со музика“, „Креативни точки“ – 2017, „Креативни точки“ – 2019, „My Way“ – 70 години на маестро Ивица Зориќ, се само дел од настаните на кои Нацевска има оставено свој белег, и кој упорно чекори и тежнее кон поголеми музички остварувања.

Ивона Нацевска моментално е вработена во НУ Национална опера и балет.

Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Факултетот за Музичка Уметност-Скопје на одделот пијано во класата на доцент-проф. Симон Трпчески, во чија класа е и на постипломски студии.

Добитник е на неколку државни награди по камерна музика и пијано а има и оставрено бројни солистички рецитали, настапи со Македоснката Филхармонија и оркестарот на Македоснката Опера и Балет.

Еден од по значајните настапи се турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчески на територија на Р. Македонија.

Дава свој придонес и во хуманитарните манифестации како концертни изведби, претстави и сл.

Покрај пијанистичката кариера напоредно се реализира и во вокалните ансамбли. Еден од нив е ансамблот “Вокали” со кој настапува на Охридско лето, Скопско лето, ДММ, снимање на филмска музика. Исто така настапува и со вокалниот ансамбал “Хераклеа” на Дубровачките летни игри, Охридско лето, Вино фестивал-Нови Сад.

Како корепетитор тој има инзвонредни можности да ги истакнува своите изведувачки вештини на пијано низ завиден број настапи во државата со различни ансамбли и солисти во Македонија како и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија).

Како свои соработници во концертната –корепетиторска дејност има соработка со првенците на МОБ: Славица Галич, Весна Гиновска, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Ана и Игор Дурловски. Со инструменталистите Микајло Куфајанакис ,Климент Тодоровски и уште многу други.

Покрај пијанистичката, корепетиторската, вокалната кариера се реализира и во полето на диригирањето, поточно со хорот на црквата Пресвета Богородица од Скопје, со кој хор во 2012 и 2016 година оствари извонредни концерти во Виена во дворецот Шонбрун и во една од најголемите цркви во Виена “Св. Петар”. Во 2015 оствари турнеја низ Италија со хорот имајќи неколку концерти во Венеција, Бари, а хорот беше и дел од чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим.

Во 2018 имаше мошне успешна агенда на неколку фестивали низ Европа, како ” Епидариус” во Хрватска, фестивалот на класика во Италија и “Музика” во Германија.

Во мај 2013 година беше член во жири за пијанисти на Меѓународниот фестивал за Славјанска музика во Москва, каде што и оствари неколку настапи низ Москва, вклучувајќи го отварањето на фестивалот.

Поради своите извонредни способности и во актерството искоординирано со своите пијанистички способности во последните 6 години тој зема учество и остварено преку 700 претсави и други перформанси во детски проекти на Десанка Глигоријевиќ.

Во септември 2019 учествува на фестивалот “Мокрањчеви дани” во Неготин со хорот “Вардар” од Скопје и добива награда за најдобра изведба на негово дело од домашен репертоар.

Во 2014 година се запишува на оркестарско диригирање на ФМУ во класата на Саша Николовски-Ѓумар, и во септември 2019 ја диригира операта “Рита” во Македонска Опера и Балет како своја дипломска работа.

Во меѓувреме, додека студира на диригирање автор и реализатор е на првата СтендАп опера во која зема учество како сценарист и диригент со целокупниот ансамбл на МОБ. Истата година настапува како дел од големиот јубилеј на маестро Томислав Шопов, 50години уметничка дејност, со солистите Весна Гиновска и Борис Трајанов.

Вработен е во Македонската Опера и Балет, а од 2009година работи како надворешен соработник на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

Би можело да ве интересира

Kонцерт на Џез триото АУМ

Забранет настапот во Хрватска и на хор од Црна Гора, се противат ветераните

Предраг Петровиќ

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Концерт „Најдоброто од Копров” на „Скопско лето“