Концерт на Исмаил Лумановски со „Класик Трио“ во Битола

Од:

Центарот за култура-Битола и редакцијата на „Битолски весник“ вечер во Битола организираат целовечерен концерт на „Класик Трио“ со кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова.

Битолчанецот Исмаил Лумановски, познато музичко име на домашната и светската јавност, во родниот град ќе настапи по солистичкиот концерт што го одржа во САД, а веднаш по престојот во Битола концерти ќе одржи во Италија и Литванија.

– „Класик Трио“ неодамна настапија во Турција, каде што во Истанбул приредија концерт за паметење, за кој се уште се зборува во тамошната музичка јавност. „Класик Трио“, односно Лумановски, Бакревски и Вршкова, се истакнати музичари од Битола кои приредиле бројни концерти низ светот, често се наградувани, а дел од авторскиот репертоар е снимен на ЦД, истакна директорот на Центар за култура-Битола, Зоран Димовски, најавувајќи го вечерашниот концерт.

Музичарите од „Класик Трио“ ќе исполнат композиции за кларинет – дела од Феликс Менделсон, Кохет, Бела Барток, Анте Гргин и Боки Милошевиќ.

На традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани“, редакцијата на „Битолски весник“ ќе му ја додели наградата „Ајри Демировски“ на Исмаил Лумановски за врвни музички остварувања во државата и странство, соопшти Менде Младеновски, директор на „Битолски весник“ и коорганизатор на вечерашниот концерт.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска