Хорот и оркестарот на Македонската опера под диригентско водство на Бисера Чадловска вечерва ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.
На програмата се вокално-инструментални дела од македонските композитори Горан Начевски, Ристо Аврамовски, Стојан Стојков и Панде Шахов.
Како солисти ќе настапат Горан Начевски (баритон), Александар Стефановски (бас), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Олгица Милевска (сопран) и Ристе Велков (баритон).
Концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет, а влезот е слободен.