Концерт на Гоце Стевковски во сабота во Битола

Од:

Музичарот Гоце Стевковски – Септет во сабота во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт насловен како „Седум приказни“.

Директорот на Центарот за култура Борче Димитровски изјави дека покрај Стевковски ќе настапат и Дамир Имери, Оливер Јосифовски, Иван Иванов, Кире Кузманов, Сашко Николовски и Михаил Јосифов.

– Како организатори се погриживме на искусните и надалеку познати македонски музичари да им овозможиме максимални услови за презентација на своите мајсторства и убеден сум дека на битолската публика ќе и возвратат со спектакуларен и концерт за паметење, рече Димитровски.

Стевковски е македонски тапанар и перкусионист. Соработувал со Кирил Џајковски, групите Леб и Сол, Архангел, Ласт експедишн, Фолтин од Битола, Егзија оркестра, Зоран Маџиров и други музичари.

Учествувал на голем број интернационални фестивали како што се Егзит, Пиво Фест-Белград, Клузоне џез фестивал во Италија, гостувал во Париз и други европски градови, а има настапено и во Опера Хаус во Канада. Соработувал на голем број проекти, театарски претстави и музика за филмови.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година