Концерт на гитаристот Борче Наумоски во Куманово

Од:

Гитаристот Борче Наумоски вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

На програмата се дела на Фернандо Сор и Мауро Џулијани.

Дел од програмата на концертот ќе биде изведена во придружба на гудачки квартет во состав Сандра Крстевска, Јелена Туфекчиевска,Тања Трифунова и Љупка Манчевска.

– Кумановци ќе имаат убава можност да го проследат концертот на гитаристот Наумоски. Ги покануваме љубителите на убавата музика да присуствуваат на концерот, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот Центар за култура.

Наумоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а потоа се запишал на втор циклус студии на ФМУ во Белград, во Србија. Магистерскиот труд интерпретација на гитара го одбранил 2010 година стекнувајќи се со степен магистер по гитара. Наумоски има бројни солистички концерти во Македонија во повеќе градови, презентирајќи репертоар од ренесанса до музика на дваесеттиот век. Учествувал на бројни фестивали како изведувач и како член на жири. Предава на Факултетот за музичка уметност, каде е избран за доцент, а воедно предава како професор во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска