Концерт на германскиот „Штеграјф.оркестар“ во Филхармонија

Од:

Во организација на Гете-институт, вечер од 20 часот во Филхармонија концерт ќе одржи камерниот состав „Штеграјф.оркестар“ (STEGREIF.orchester). Нивниот репертоар се состои од класици, но уникатното кај триесеттемина млади музичари од секаде низ светот е тоа што на публиката ѝ отвораат нови правци во класичната музика.

– STEGREIF.orchester открива нови звучни светови и постојано пробува нови жанровски фузии. Зачинети со фолклор, џез, блуз и рок настануваат нови впечатливи интерпретации на стари познати мелодии со изведбена и визуелна моќ. Ансамблот настапува без ноти, без диригент и без столчиња. Слободата што се создава притоа дава простор за импровизација и движење. Самиот збор „Stegreif“ значи импровизација. Концертната сала, просторот кај публиката, скалите, сé станува бина и на публиката ѝ овозможува уникатно концертно доживување, соопшти Институтот „Гете“.

Влезот за концертот е бесплатен, со претходна резервација на места на мејлот: marija.chorbeva-penovska@goethe.de.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска