Концерт на Филхармонијата со рускиот пијанист Николај Демиденко

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе изведе концерт со наслов „Апотеоза на танцот“ под диригентство на Јануш Пшибилски од Полска, на кој како солист ќе настапи рускиот пијанист Николај Демиденко.

– Овој страстен виртуоз на пијаното, како што го нарече критиката, за македонската публика ќе го изведе прочуениот Концерт за пијано и оркестар бр. 2 во Ц-мол од Сергеј Рахмањинов. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе и грандиозната Седма симфонија во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, која Вагнер своевремено ја нарекол „апотеоза на танцот“, од каде е и насловот на концертот, информкра Филхармонијата.

Николај Демиденко (1955) се образувал кај Дмитриј Башкиров, еден од најславните пијанисти и педагози на денешнината, во период кој се нарекува „златно време“ на Московскиот конзерваториум. Добитник е на награди на престижни меѓународни натпревари, а импресивен е пописот на оркестрите со кои настапувал. Од 1995 година поседува и британско државјанство и е чест гостин солист на сцените во Велика Британија, каде што предавал и во школата „Јехуди Мењухин“, но постојано соработува и со истакнати руски музичари.

Во 2014 година ја прими титулата почесен доктор за неговиот исклучителен придонес во музиката на Универзитетот во Сурај, каде што е визитинг-професор. За дискографските куќи „Хајперион“, „АГПЛ“ и „АСВ Голд“ снимил голем опус на дела од Бах, Бетовен, Шопен, Чајковски, Лист, Мусоргски, Рахмањинов, Шуберт, Шуман, Скрјабин…

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска