Концерт на Ема Попивода во Велешкиот театар

Од:

Во среда, на 26-ти септември, на Малата сцена на Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес со почеток во 20 часот пијанистката Ема Попивода ќе го претстави својот концертен проект „Македонски ноктурна“.

Концертот ќе биде реализиран во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018, како дел од мини концертната турнеја на Ема Попивода.

На програмата ќе бидат изведени композиции базирани на македонските народни песни од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски, кои се преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: „Зајди, зајди“, „Дали паметиш Милице“, „Калеш Анѓа“, „Јовано, Јованке“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Деспина“, „Море сокол пие“, „Шеќерна“, „Трнушко“ итн.

За овој концерт е снимено и промотивно видео за композицијата „Зајди, зајди“ кое стана вистинска сензација на Youtube каналот како и на другите социјални мрежи. Концертот е изведуван и во Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Будимпешта, Брисел и Гдањск, каде е високо оценет од тамошната музичка критика и за изведбата и за композициите.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска