Концерт на дувачкиот квинтет на ансамблот „КонТемпора“ во Штип

Од:

Дувачкиот квинтет на ансамблот за современа музика „КонТемпора“ денеска ќе одржи концерт во салата на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Концертот е во рамки на Фестивалот на современа балканска музика кој од 1 до 14 декември се одржува во организација на СОКОМ и Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а е поддржан од Министерството за култура.

На програмата се дела од Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Валентина Велковска-Трајановска, Александар Џамбазов и Марин Големинов од Бугарија.

Фестивалот е конципиран со три концерти на ансамблот „КонТемпора“ на кои ќе бидат претставени првенствено дела на македонските композитори, но и дополнети со творештвото на композитори од неколку балкански земји.

Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ е формиран во 2014 година од Сојузот на композиторите на Македонија, со цел да бидат што почесто изведувани и промовирани нови дела од македонски автори.

Во изминатите неколку години ансамблот беше на турнеја во Холандија, Белгија, Австрија и одржа бројни концерти во Македонија. Ансамблот има реализирано и повеќе студиски снимки на новосоздадени дела од композитори од САД, Италија, Индонезија, Иран, а во својот досегашен репертоар има претставено повеќе од 50 дела на автори од Македонија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска