Концерт на дуото Фросина Богдановска и Жанна Ли

Од:

Во новиот објект на Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес синоќа се одржа концерт на класична музика на дуото Фросина Богдановска од Велес и Жанна Ли од Алма Ата од Казахстан.

Тие настапија со Соната за две виолини од Е.Изаи, Соната за две виолини во Ц-дур од С.Прокофиев и со Навара од П.Сарасате. На крајот на концертот беше изведена и една композиција со пијано придружба на Марија Ѓошевска.

Двете виолинистки во моментот се дел од Оркестарот на австриското радио.

Дваесет и деветгодишната Фросина Богдановска е родена во Велес, а на виолина свири од најрана возраст. Добитник е на бројни награди и признанија во земјава и светот. Настапувала како солист на ФМУ, Македонската Опера и Балет, Македонската филхармонија, младинскиот оркестар при ЦЕИ и повеќе камерни ансамбли. Настапувала во повеќе земји како Австрија, Турција, Словенија, САД, Хрватска и Германија. Работела и во Виенскиот симфониски оркестар.

Богдановска, која свири на виолина изработена од нејзиниот татко Светозар Богдановски, познат изработувач на виолини, изјави дека и е голема чест и задоволство што настапува во својот роден град.

– Особено сум среќна што моите сограѓани ми возвратија со голема посетеност и изненадена сум што велешани знаат да ја ценат културата. Да се свири дома е најтешко, но затоа и аплаузот толку многу ми значи, истакна Богдановска.

Концертот беше дел од манифестацијата на Министертсвото за култура и Општина Велес „Велес-град на културата-2015“.

Дуото Богдановска и Ли ќе имаат свој настап во вторник во Музејот на град Скопје во рамки на „Скопско лето“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска