Концерт на Дуња Иванова посветен на Ричи Сакамото

Од:

Македонската пијанистка Дуња Иванова вечер ќе одржи рецитал во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово посветен на култниот јапонски композитор Руичи Сакамото.

Иванова прв пат во Македонија ќе го претстави поголемиот дел од творештвото за пијано на Сакамото. На програмата се неговите најпознати дела The Sheltering Sky, A Flower is not a Flower, Whuthering Heights, SolitudeEnergy, FlowParolibe, Merry Christmas, Mr. Lawrence…

Дуња Иванова (1985) дипломира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на Катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово), на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт.

Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“- Скопје.

Автор е на книгата ,,Естетското доживување на музиката“ (2010), како и на публикациите „Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010) и „Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).

Ryuichi Sakamoto (1952) е јапонски музичар, композитор, аранжер, продуцент, автор, пејач, актер и активист кој живее и работи во Токио и Њујорк. Кариерата ја започна во седумдесетите години од 20-от век како член на групата „Yellow Magic Orchestra“ – пионери во развојот на синтетичкиот поп, техно и хаус музиката. Неговите експериментални албуми „Thousand Knives“ и ,,B-2 Unit“ извршија големо влијание врз развојот на електронската и хип хоп музиката. Сакамото продуцираше низа солистички албуми во соработка со истакнати интернационални артисти во различни жанрови од електронската, класичната и светската музичка сцена.

Со композицијата ,,Merry Christmas, Mr. Lawrence“ (1983) Сакамото дебитираше како филмски композитор и актер, а главмната тема адаптирана во синглот ,,Forbidden Colours“ стана интернационален хит. Автор е на музиката за филмскиоте остварувања: „The Last Emperor“(1987), ,,The Sheltering Sky“ (1990), „Little Buddha“ (1993), „Babel“ (2006) и ,,The Revenant“ (2015). Добитник е на Academy Award, BAFTA, Grammy, и два Golden Globe Awards.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска