Концерт на Дуке Бојаџиев во Велес

Од:

По големиот одѕив на четирите концерти на Дуке Бојаџиев изминатиот викенд во Скопје и Битола, композиторот и пијанист кој живее и твори во Њујорк вечер ќе одржи концерт и во новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, во рамки на манифестацијата „Велес – Град на културата 2015“.

Концертот е насловен „Сон. Верба. Љубов“ и е комбинација на авторска, филмска музика (До Балчак, Сенки, Војната заврши) и изворно македонско творештво, кои авторот ги соединува во автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13 век, Џелалудин Мевљана Руми.

Покрај Дуке Бојаџиев на пијано, на концертот ќе настапат Исмаил Лумановски на кларинет и актерот Васил Зафирчев како наратор.

Концертот го организираат Велешкиот театар и Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска