Во Културно-информативниот центар вечерва ќе настапи Бледар Зајми на виолончело и Етрита Ибрахими на пијано.
На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен, Јаначек, Дрожак, Соколи, Григ и Мартину.
Бледар Зајми е роден во Тирана, но живее и работи во Чешка. Учествува на бројни натпревари и добитник е на повеќе награди. Во моментот е концертмастер – челист солист во оперскиот оркестар во Националниот театар во Прага.
Етрита Ибрахими е исто така родена во Тирана, но студира во Италија. Во моментот е уметничка директорка на Меѓународниот фестивал „Pianodrom“ и концерт мајстор во Театарот за опера и балет во Тирана.