Концерт на Белградска филхармонија со Зубин Мехта во Скопје во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“

Од:

На 24 јуни, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Маестро Зубин Мехта, еден од најголемите диригенти на денешнината и најзначаен пријател на Белградската филхармонија е докажан авторитет во иницирањето на изградбата на мостови меѓу различните култури. Со својата единствена енергија и визија, допринесе во рушењето на бројни бариери користејќи ја моќта на музиката. Маестро Мехта со голем ентузијазам ја поддржа иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Србија, Албанија и Р.С.Македонија, а заедно со Белградската филхармонија ќе и приреди врвно музичко доживување на публиката во овие земји.

Покрај концертите во Белград (20 јуни), Скопје (24 јуни), Белградската филхармонија ќе одржи и концерт во Тирана (22 јуни), а на програмата на трите концерти, Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз.

Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години со своите настапи кои денеска важат за историски. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето ќе биде негов 11 настап со овој оркестар. Последен пат со Белградска филхармонија настапи во 2021 година по повод одбележувањето на шест децении од неговиот прв настап, кој воедно бил и негово деби. Зубин Мехта одржал бројни добротворни концерти, а истотака го поддржа и беше дел од проектот „Пика – Точка – Тачка“, инициран од страна на Белградската филхармонија преку соработка со Загребската и Словенечката филхармонија, преку кој се зајакна културната и економската соработка, како и добрососедските односи во регионот.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска