Во рамки на 40. Денови на македонска музика, вечер од 20 часот во Музеј на Град Скопје концерт ќе одржи ансамблот за современа музика „КонТемпора“.
Ќе бидат изведени дела од Маријана Јаневска, Маја Јовановска, Филип Иванов, Ангел Спироски, Никола Коларовски и Никола Крстевски.
Ансамблот „КонТемпора“ е формиран во 2014 година од СОКОМ со цел да изведува и промовира нови дела од македонски автори, но и на автори од различни делови на светот. Ансамблот има дваесет инструменталисти и, во зависност од репертоарот, настапува во различни инструментални формации.
Премиерниот концерт на „КонТемпора“ беше одржан во септември 2014 година во рамки на Генералното собрание на Европската асоцијација на композитори и сонграјтери (ЕЦСА) во Скопје.