Американскиот виртуоз на усна хармоника Џо Пауерс вечерва заедно со оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи пред македонската публика.
На концертот насловен „Алхемија“, Пауерс ќе изведе композиции за усна хармоника и оркестар од бразилскиот композитор Хектор Вила Лобос. Премиерно ќе биде изведено и македонското дело „The Apple“ од младиот композитор Дамјан Темков, наградено на конкурсот за класична музика од страна Министерството за култура.
Диригент на концертот ќе биде Емил Табаков од Бугарија.