Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Од:

Под мотото „Легендите живеат вечно“ вечерва во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт во чест на македонските музички пејачи кои прерано починаа, со цел да им се оддаде почит за се она што го оставија зад себе. Концертот ќе биде во придружба на Камерниот Оркестар.

Ќе бидат изведени композиции од Тоше Проески, Влатко Илиевски, Есма Реџепова, Гоце Арнаудов, Зафир Хаџиманов, Драган Вучиќ и многу други.

– Музичкиот свет прерано го напуштија многу македонски имиња, но нивните песни нема да избледат. Заминаа, но ќе останат делата. Тие остануваат вечни, како спомен за оние со кои се радувавме, растевме, тагувавме…Легендите живеат вечно, затоа што има млади таленти кои живеат со нив, во ова време, посочуваат организаторите на концертот.

Би можело да ве интересира

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје!

А1он

„Имате ли ритам“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

Концерт на Националниот џез оркестар во Филхармонија

А1он

Филхармонија ги демантира тврдењата на Дијана Имери Илкоска

Дијана Имери Илкоска објави дека и бил забранет влез во Филхармонија, диргентката остана без работа

Новогодишен концерт на Филхармонија со најпознатите валцери и полки од Штраус