Концерт и документарен филм во чест на Кирил Македонски

Од:

Македонското научно друштво од Битола и Македонската академија на науките и уметностите вечер во Битола организираат концерт и промоција на документарен филм посветени на композиторот Кирил Македонски (1925-1984), автор на првата македонска опера „Гоце“.

Иницијатива за овој културен настан е на академик Ѓорги Здравев, внук на Кирил Македонски, а повод е 90-годишнината од раѓањето на Македонски, кој е автор и на оперите „Цар Самуил“ и „Илинден“ и режисер на операта „Орфеј“.

На вечерашниот концерт во Битола ќе настапат оперските пејачи Борис Трајанов, Павлина Новакова, Маја Митровска и други солисти во придружба на хорот на Државното музичко училиште, како и музичари од Битола и од други градови на Македонија.

Беседа за Кирил Македонски ќе одржи музикологот Марко Колоски, а пред публиката ќе биде прикажан и документарниот филм „Кирил Македонски“ чиј автор е новинарот Никола Талевски.

– За името на Кирил Македонски е поврзана и оркестарската музика, симфониската поема „Танчарка“ како и други пет симфонии. Кирил Македонски заслужува внимание бидејќи неговите дела, инспирирани од македонската национална историја се изведувани во државата и странство. Музиката на Македонски се слушала во Аргентина, Бугарија, Германија, Данска, Куба, Полска, Романија, САД, Советскиот Сојуз, Франција, Холандија. Тој учествувал и на повеќе симпозиуми и конгреси во Европа и светот каде ги презентирал македонските искуства и постигања, истакна академик Ѓорги Здравев, иницијатор за вечерашниот настан во Битола.

За својата работа Кирил Македонски добил повеќе меѓународни награди и признанија, а во публикација на УНЕСКО  е забележан како работник во областа на музикотерапијата.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска