Коле Ангеловски, лауреат на Фестивалот Денови на комедија Куманово

Од:

На денешнава прес конференција во Центар за култура Трајко Прокопиев Куманово беше соопштено името на лауреатот на овогодинешниве Денови на комедија 2023. Добитник на признанието за особен придонес во театарската уметност посебно во делот на комедиографијата е режисерот и актерот Коле Ангеловски.

Коле Ангеловски е и еден од основачите на овој Фестивал на комедијата кој оваа година го има своето 26 издание. Ангеловски со неговиот придонес во театарската уметност потврдува дека е еден од најзначајните уметници кои со своето дело остави неизбршив траг во нашата театарска и филмска уметност.

Наградата на Коле Ангеловски ќе му биде доделена на отворањето на Фестивалот Денови на комедија на 27 септември, во голема сала на Центар за култура Куманово, а на отворањето на Фестивалот ќе настапи велешкиот театар со претставата Синиот портокал.

Би можело да ве интересира

Почит и од млади и од стари колеги – Торта во драмски за 80 роденден на Коле Ангеловски

А1он