Книжевно попладне посветено на писателот Бранко Варошлија

Од:

По повод 80 години од раѓањето и 10 години од смртта на Бранко Варошлија, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи Книжевно попладне посветено на  овој македонски писател.

На чествувањето за делото на Варошлија ќе говори Данило Коцевски, а фрагменти од неговото творештво ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Раскажувачот и романсиер Бранко Варошлија роден е во Скопје на 1 јануари 1934 година. Тој е автор на книгата раскази „ Осамени минувачи“ и на романот „Последниот лет на птицата селица“. Книжевната критика неговите книги ги објаснува како дело напишано според највисоките стандарди на модернистичкото писмо. Пишувал и драми и книжевни критики.

Работел како драматург во Македонскиот народен театар и како новинар во „Нова Македонија“. Член е на ДПМ од 1958 година и добитник е на наградата „Рациново признание“.

Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска