Книжевно пладне за поетесата Даница Ручигај

Од:

Во библиотеката „Страшо Пинџур“ денеска ќе се одржи Книжевно пладне посветено на првата македонска поетеса Даница Ручигај.

Повод за  настанот е 80-годишнината од раѓањето на поетесата која иако зад себе остави само две стихозбирки, претставува автор со историско значење за современата македонска книжевност.

Ручигај и припаѓа на третата генерација македонски поети кои во шеесетите години на минатиот век внесоа силен, свеж бран во современата македонска поезија. Својата дебитантска стихозбирка „Сребрени ноќни игри“ во која доминираат љубовните мотиви, Ручигај ја објави во 1960 година и со неа промовира специфично, модерно структурирање на поетскиот израз.

На Книжевното пладне беседа за поезијата на Ручигај ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска