Книжевно читање на поезијата на Лидија Димковска во Грац

Од:

нижевно читање на поезијата на Лидија Димковска во препев на германски јазик од Александар Сицман ќе се одржи денеска во Грац, рамки на научната конференција „Меѓу европските интеграции и национализмот – мрежи без граници”.

Со Димковска, за нејзините книжевни и културни предизвици ќе разговара Маша Дабиќ, новинарка од областа на културата во австрискиот дневен весник „Стандард“.

Конференцијата во Грац која трае од 4 до 6 мај, се одржува 44-ти пат, а ја организира Асоцијацијата на библиотеки и центри за документација на југоисточните европски студии во соработка со Центарот за европски студии на Универзитетот во Грац, Градската универзитетска библиотека, преведувачката мрежа Традуки и Асоцијацијата на Југоисточна Европа со седиште во Минхен. На неа учествуваат бројни научници од областа на славистиката, академици и професори од Русија, Полска, Украина, Германија, Австрија, Швајцарија, Летонија. Тие дискутираат за културните политики, образованието, библиотекарството, геополитиките и славистиката во Европа.

Во рамки на конференцијата се организира и книжевно читање со избран поет-гостин. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска