Книжевниот опус на Дирјан и Ѓузел претставен во Софија

Од:

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија синоќа беше посетен од голем број љубители на поезијата, на промоцијата на поетесата Лилјана Дирјан и академик Богомил Ѓузел, информира КИЦ.

Настанот го отвори директорот на Центарот Васко Шутаров, кој нагласи дека со него македонскиот КИЦ влегува во сезоната на чествувањето на своето 10-годишно постоење.

За книжевниот опус на Дирјан и Ѓузел зборуваа литературниот критичар Елизабета Шелева од Филолошкиот факултет во Скопје, Александар Шурбанов од Софискиот универзитет и Светлозар Игов од Институтот за литература во БАН.

– Преведувачот Цветанка Еленкова посебно се осврна на стихозбирката „Остров на копното” која на бугарски јазик ја објави книгоиздателството „Балкани”. Исклучително внимание предизвика и промоцијата на стихозбирката на бугарски јазик „Со невидливиот сокол на рамето” од Лилјана Дирјан, соопшти КИЦ на РМ.

Книжевната вечер посветена на академик Богомил Ѓузел и Лилјана Дирјан на едно место собра бројни познати бугарски писатели, литературни критичари, преведувачи, познавачи и почитувачи на нивното книжевно дело.

Проектот беше дел од Годишната програма на КИЦ на Р. Македонија, поддржан од Министерството за култура и остварено во соработка со Независните писатели на Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска