Книжевната антологија „Од јазик на јазик“ објавена во Словенија

Од:

Во издание на Друштвото на словенечките писатели во Љубљана излезе обемна антологија на современата малцинска и имигрантска книжевност во Словенија „Од јазик на јазик“ чија главна и одговорна уредничка е Лидија Димковска.

Во изборот и подготовката на антологијата, освен Димковска учествуваа и повеќе соуредници за поединечни јазици како и 25 учесници на работилниците за уредничко дело што Димковска ги водеше во претходните месеци во Друштвото на словенечките писатели.

Ова е прва антологија во Словенија која донесува книжевни текстови (поезија, проза, драма, литература за деца) од 34 автори/авторки кои живеат и творат во Словенија на своите мајчини јазици (италијански, унгарски, ромски, словачки, англиски, македонски, српски, хрватски и босански јазик).

Меѓу другите во антологијата се застапени и дела на Жанина Мирчевска која подолго време живее и работи во Љубљана, на Бистра Кумбароска, претставничка на најновата македонска книжевна генерација која во последните неколку години живее во Словенија и на Соња Цекова Стојаноска, втора генерација доселеници од Македонија. Во обемниот предговор на Димковска се нагласува важноста и потребата од таква антологија во словенечкиот книжевен простор со кој тој се шири и се збогатува со најдобрите книжевни дела напишани на други мајчини јазици во Словенија.

Антологијата беше промовирана на меѓународната ПЕН конференција на Блед, на меѓународниот книжевен фестивал „Форум Томица“ во Копер, а својата главна промоција ја доживеа во Цанкарјев дом во Љубљана кој важи за најпрестижна институција на културата во Словенија. Следуваат и повеќе промоции ширум библиотеките низ Словенија како и на Меѓународниот книжевен фестивал „Виленица“ во септември.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска