Книжевна вечер со младиот автор Иван Антоновски во Лесковац

Од:

Културниот центар во Лесковац, Србија, вечер  организира книжевна вечер со младиот македонски автор Иван Антоновски.  Повод е второто издание на неговата поетска книга „Крикови од неископан гроб“.

Проф. Маре Каранфиловиќ пред лесковачката публика ќе говори за  творештвото на Антоновски како поет, есеист, книжевен критичар, преведувач и како антологичар, но и за неговиот придонес во развојот на современата македонска книжевност, особено преку неговите заложби за афирмација на младите генерации македонски поети и прозаисти.

Ќе се обратат и директорот на Лесковачкиот културен центар и Мирјана Миловиќ, член на Здружението на Македонците „Илинден“ и уредник на емисијата „Македонијо, добар ден“.

Во рамки на книжевната вечер ќе биде изведен и поетско-музички перформанс со стиховите од „Крикови од неископан гроб“ на македонски и во препев на српски јазик.

Антоновски учествувал на повеќе значајни книжевни манифестации во Србија, меѓу кои на Белградската книжевна средба на писателите и на Книжевна колонија „Сиќево“, а во 2011 година беше организирано и негово претставување во Друштвото на писателите на Србија.

Во издание на Нишкиот културен центар наскоро во препев на српски јазик се очекува да биде објавена антологија на современата македонска љубовна лирика „Од копнеж до ерос“, чиј приредувач е Антоновски заедно со Весна Мојсова-Чепишевска.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска