Kнижевна вечер со белгиската писателка Изабел Вери ќе се одржи на 10 октомври, сабота, во Младинскиот културен центар – Скопје, со почеток во 20 часот
Гостувањете на Вери е во рамки на „Bookstar“, првиот фестивал на европската литература во Македонија. Белгиската писателка ќе ја промовира својата книга „Обескостена“, добитник на Европската книжевна награда за 2013 година, што кај нас ја објави издавачката куќа „Антолог“.
Промотор на настанот е писателот Владимир Јанковски, кој, покрај промотивната реч, ќе направи и краток разговор со гостинката (преведувач, Зоран Радически). Делови од романот, заедно со Изабел Вери, ќе чита актерката Јасмина Василева, која ќе биде и водител на настанот. За музичкиот дел е задолжен актерот и музичар Ice Soul Combo.