На покана на Институтот за литература „Роберт Музил“ при Универзитетот во Клагенфурт, Австрија, синоќа, во Меморијалниот дом на големиот австриски писател Роберт Музил се одржа книжевна вечер со Лидија Димковска.
Пред публиката Димковска се претстави со избор од поезијата од поетската збирка „Чесна девојка“ во препев на германски на Александер Зицман, со нови препеви од поезијата објавени во последниот број на најугледното германско спсание за литература „Акценте“, како и со извадок од романот „Резервен живот“, исто така во превод на Александер Зицман.
Преводите на германски ги интерпретираше Едит Химелбауер, а разговорот со Димковска го водеше координаторот на институтот Фабјан Хафнер.