Книжевна вечер со Дејан Матиќ, гостин на програмата „Апсолутно модерен“

Од:

Во рамките на резиденцијалната програма за книжевници под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа Готен, а под покровителство на Европската мрежа за книжевност и книги Традуки и Градот Скопје, во Скопје во текот на април престојува Дејан Матиќ, една од најреномираните и најпреведувани српски поети од младата генерација.

11169054_10206717169623084_920204685_n

Главна цел на престојот е да се продлабочат контактите со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Македонија, како и подготвувањето на неговата најнова книга.

Во чест на гостинот, во Скопје, во клубот ГЕМ, вечерва, 28 април, во 19 часот, ќе се одржи книжевна вечер. Домаќин на вечерта е Роберт Алаѓозовски, кој ќе го претстави авторот. Стиховите на македонски ќе ги кажува младата поетеса, Елена Митреска.

Дејан Матиќ ероден во 1979 година во Крушевац. Дипломирал книжевност на белградскиот универзитет. Автор е на неколку книги поезија: „Помеѓу триесет и третатата и смртта“, „Хостел“ и други.

Добитник е на националната награда за најдобра поетска книга во 2013 година, „Мирослав Антиќ“. Основач и главен уредник е на книжевното списание Треќи трг, каде што има објавено и многумина македонски поети. Освен тоа бил уредник и на списанијата „Поезија“ и „Источник“.

Организатор е на меѓународниот фестивал на книгата и поезијата „Тргни се! Поезија!“ во Белград. Член е на Друштвото на писатели на Србија.

За творештвото на Матиќ велат дека е една современа опсесија со минливото, со патувањето, со она што стои меѓу сегашноста, минатото и иднината. Тој е обземен со потрагата по полнотијата на мигот, онака како што текот на животот ни се измолкнува меѓу рацете.

Неговиот дискретен лиризам и инсистирањето на интимните светови и доживувања, го прави нетипичен автор во помладата српска поезија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска