Книжевна вечер со музика и поезија „Соаре во градините“

Од:

Книжевна вечер со музика и поезија „Соаре во градините“ вечер ќе се одржи во дворот на Резиденцијата на Франција.

Книжевната вечер е дел од културните активности на здружението „Пријателство Франција-Македонија“ во соработка со Амбасадата на Република Франција, а во врска со настаните на Министерството за култура на Франција „Соаре во градините“ и на музичкиот фестивал „Празник на музиката“.

Се работи за доброволен настан, осмислен и реализиран од страна на претседателот на здружението, Матијас Васкез и македонската франкофонска поетеса Наташа Сарџоска.

Во програмата е предвиден омаж кон книжевното и поетско творештво на франкофонски македонски автори, меѓу кои академици, писатели и поети, како Катица Ќулавкова, Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска, Агнеса Чаволи и Јосип Коцев, кои се поканети на книжевна дебата и поетско читање во придружба на франкофонските студенти и македонски музичари.

На книжевната вечер се поканети француската и франкофонска заедница во Македонија, членови на здружението, како и неколку владини, дипломатски, уметнички и академски претставници во Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска