Книжевна средба со Паскал Гилевски за новиот роман „Александар и Клеофила“

Од:

По повод излегувањето од печат на романот „Александар и Клеофила“ од Паскал Гилевски, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од 12 до 15 часот ќе се одржи книжевна средба со писателот.

– Инспирирана е од најголемото љубовно доживување на Александар Велики и волшебната индиска кралица Клеофила. Гилевски ги испреплетува двете љубовни приказни, мајсторски мешајќи ги времињата, античкото и нашето време, наведува издавачот за книгата.

Паскал Гилевски (Сетома, 1939) е автор на богат поетски, прозен и критичко-есеистички опус, високо вреднуван од критиката. Меѓу неговите најчитани романи е „Зоја“, кој во изминатите три децении имаше повеќе изданија и преводи на други јазици.

Гилевски е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на „11 0ктомври“, „Стале Попов“, „Рациново признание“ и „23 Октомври“. Член е на Унгарската академија на науките и уметностите од 1996 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска