Книжевен портрет на современиот бугарски писател Анжел Вагенштајн

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде преставен книжевниот портрет на современиот бугарски писател Анжел Вагенштајн.

За делото на Вагенштајн ќе говорат Братислав Ташковски и Гоце Смилевски, а делови од неговото творештво ќе чита актерот Томе Витанов.

Анжел Рајмонд Вагенштајн е роден 1922 година во Пловдив, Бугарија. Раното детство го минува во Париз каде неговите родители поради политички причини наоѓаат прибежиште. По една голема амнестија неговото семејство се враќа во Софија. Таму завршува средно училиште и активно се вклучува во забранетиот од власта Работнички младински сојуз.

По влегувањето на Бугарија во војната на страна на хитлеровата Германија, тој раководи со диверзантска група која ги напаѓа германските воени складишта. Во една операција е заробен и осуден на смрт. Пресудата не е извршена поради брзото навлегување на Црвената армија во Бугарија. По војната дипломира книнодрамтургија на Московската филмска академија.

Неговите романи „Пентокнижието Исаково“, „Далеку од Толедо“ и „Збогум Шангај“ ја сочинуваат трилогијата посветена на европските Евреи во Втората светска војна. Тие се преведени на многу светски јазици и добитници на високи бугарски и европски книжевни награди.

Покрај забележливите и високо вреднувани романи, Анжел Вагенштајн е исклучителен филмски сценарист. Неговата филмографија е богата историја на успешни филмски остварувања. Според неговите романи и сценарија се снимени десетици играни филмови, за кои има добиено многу награди.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска