Во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија вечер ќе биде претставен книжевен портрет на Михаил Ренџов, во организација на книгоиздателство „Макавеј“ од Скопје.
Ренџов е меѓу најзначајните македонски литературни творци, автор на дваесетина книги поезија и неколку книги раскази, наградувани со домашни и меѓународни литературни признанија. Неговите книги се преведени на десетина светски јазици, меѓу кои и три книги преведени на бугарски јазик.
Михаил Ренџов е познат македонски писател во Бугарија. За неговото дело ќе зборуваат македонскиот поет и литературен критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов.