Книгата „Град“ за Скопје на Иван Џепароски преведена на српски јазик

Од:

Во Белград неодамна, издавачката куќа „Граматик“ ја објави поетската збирка „Град“ на македонскиот поет и естетичар Иван Џепароски. Книгата ја преведе од македонски на српски јазик познатиот српски поет и писател Рајко Лукач.

Овој превод на книгата „Град“, која е во целина посветена на родниот град Скопје на поетот Џепароски, се совпаѓа со шеесетгодишнината од скопскиот земјотрес (1963), за кој во ова поетско дело се испеани повеќе песни.

Книгата „Град“ е втор поетски превод на Рајко Лукач на поезијата на Иван Џепароски, по објавувањето во 2018 година на поетското дело „Светлината на Света Гора“ („Светлост Свете Горе“), за која Џепароски го доби во 2016 година највисокото поетско признание кај нас – награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Би можело да ве интересира

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Денот кога заборавивме да плачеме“ на Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Ана Ололовска

Промовирана книгата „Вратничка крваа свадба“ од Стево Томоски и Душан Синадиноски

Ана Ололовска

„Аспекти на творештвото на Петре М. Андреевски“ нова книга на Веле Смилевски

Ана Ололовска

Четиринаесетта македонска книжевна визита во Софија

Ана Ололовска