Книгата „Говор на омраза“ од Ненад Живановски преведена на англиски и бугарски јазик

Од:

Во издание на издавачката куќа „Рива“ од Софија, на читателската публика во Бугарија деновиве и беше претставена книгата на д-р Ненад Живановски „Говор на омраза – теоретски преглед и додаток истражување Бугарија во македонските медиуми“ во превод на бугарски јазик.

Nenad Picture

Книгата, како што вели авторот, претставува опсежен мултидисциплинарен пристап кон феноменот на современите комуникациски процеси – говорот на омраза, но и за критичката анализа на политичкиот дискурс, како и емпириско истражување врз повеќе од 600 новинарски текстови објавени во македонските медиуми во однос на Бугарија.

– Книгата веднаш доби позитивни коментари на Бугарското национално радио како многу полезна за разбирањето на односите помеѓу двете држави, вели Живановски.

Истата книга, но со наслов „Говор на омраза: да или не и зошто не“, деновиве беше објавена и на англиски јазик од страна на германската издавачка куќа „Ламберт академик паблишер“ од Сарбрукер и преку глобалниот дистрибутер на книги Амазон веќе е достапна на читателската публика ширум светот.

Издавач на оваа книга во Македонија е „Бата пресс“ од Скопје, а од печат е излезана во март 2014 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска