Книгата „Делфин“ на Александар Прокопиев објавена во Хрватска

Од:

Хрватската издавачка куќа „ВБЗ“ ја објави книгата раскази „Делфин“ на Александар Прокопиев. Преводот на хрватски е на Ивица Баковиќ.

Во најавата на издавачот се оценува дека се работи за еден од водечките балкански постмодернистички писатели.

– Расказите на Прокопиев се наоѓаат некаде на границата помеѓу реалистичното и фантастичното. Кај него заемно опстојуваат имагинарните и вистинските дејствија и ликови, што се јавуваат во различни хронотопи, па ги затекнуваме во Скопје, Белград, Загреб, во соништата, некаде на морскиот брег, во далечното минато, како и во животот на Александар Прокопиев. Некои од тие раскази се очевидна фикција, некои се историографски, додека некои се исчитуваат како автобиографска проза. Раскажувачот не води во деновите на детството и младешкото созревање, но зануркува и во подлабоки теми како што се положбата на интелектуалцот во времињата неприкладни за тие кои истапувале против владеечкиот систем, вината и простувањето, тежината на победите и поразите, стои во рецензијата.

Во рецензијата се наведува дека се работи за самосвоен, со хумор, ерудит без сувопарност, писател за сите генерации, како критиката го именува, а Прокопиев напишал една шармантна и духовита книга, која ќе не освои и ќе ни дарува единствено читателско искуство.

За релативно кусо време, во последниве неколку месеци, се издадоа три преведени книги од Прокопиев: „Делфинот“ во Словенија (издавач „Апокалипса“), „Синот-риба“ во Србија (издавач „Геопоетика“) и сега, хрватскиот „Делфин“ кај ВБЗ.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска