Книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев на Единаесеттата Европска Ноќ на Литературата

Од:

На 7 септември 2022 од 18:00 до 21:30 часот во 18 градови низ Бугарија ќе се одржи „Европската ноќ на литературата“, која ќе ги собере љубителите на европската литература за единаесетти пат.

Настанот има за цел да ја популаризира добрата европска литература преку литературни читања на нестандардни места, во таканаречените „читателски гнезда“, во кои познати личности читаат еден ист дел од книга на секои 30 минути – од 18:00 до 21:30 часот. Публиката има можност да ги менува местата каде се читаат делови од различна литература и да се запознае со современото творештво на различни европски автори.

Организатори на настанот се амбасади и културни центри во Бугарија: Австриска амбасада, Амбасада на Белгија, Гете – институт, Амбасада на Данска, Амбасада на Ирска, Институт Сервантес, Италијански културен институт, Британски совет, Полски институт, Институт Камоеш, Амбасада на Романија, Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, Амбасада на Словенија, Амбасада на Украина, Институт Лист, Чешки центар, Амбасада на Швајцарија и Амбасада на Шведска, а исто така и: Европска комисија, Општина на главниот град Софија и фондација „Детски книги“.

Читателското гнездо во Софија на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе биде во Центарот за уметности „Арт лабораторија“ на ул. „Ивајло“ бр. 1.

На единаесеттото издание на „Европската ноќ на литературата“ ќе биде претставена книгата „Човечулец“ од македонскиот писател Александар Прокопиев. Оваа збирка раскази излезе во превод на бугарски јазик оваа година, во издание на издателство „Книги за сите“. Преводот од македонски на бугарски јазик го направи Деница Проданова, а во читателското гнездо во Софија делови од книгата ќе читаат актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска