Книга за Матеја Матевски од Георги Старделов

Од:

По повод 90-годишнината од раѓањето на академик Георги Старделов, „Матица македонска“ ја објави неговата книга „Раѓањето на трагедијата – поезијата и поетското искуство на Матеја Матевски“.

Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот го анализира и вреднува богатиот поетски опус на познатиот писател, еден од најпреведуваните македонски автори во светот и добитник на престижни национални и меѓународни награди.

Старделов во уводот нагласува дека книгава ја финализирал во истиот час кога почнал да ја чита мемоарската книга на Матеја Матевски „Записи по сеќавање“, а ја завршил пред смртта на поетот.

-За мене, ваквата животна и книжевна ситуација беше нешто сосема ново и единствено. Јас ги читав сеќавањата на нашиот поет и преку нив ја читав неговата поезија, ги слушав неговите сеќавања и врз нив го гледав и проследував неговиот живот во поезијата и поезијата во неговиот живот, вели Старделов.

Георги Старделов (Гевгелија,1930) е филозоф, естетичар, есеист, литературен критичар и антологичар. Автор е на богат критичко-есеистички и научен опус, за кој е добитник на бројни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври“, како и на наградите „13 Ноември“ на Град Скопје, „Кочо Рацин“ за најдобра книга на годината, „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга, и на повеќе странски признанија.

Беше претседател на МАНУ од 2008 до 2011 година, а во оваа највисока научна институција го раководи макропроектот „Историја на културата на Македонија“ од кој во негова редакција се објавени 28 тома.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска