Книга со текстови за Конески од странски автори во издание на „Матица македонска“

Од:

„Матица македонска“ објави книга со наслов „Светската критика за делото на Конески – 100 години од раѓањето на великанот од Небрегово“, во која се презентирани триесет текстови од истакнати писатели, критичари и научници од други земји кои во суперлативи пишуваат за творештвото на Блаже Конески.

Меѓу нив се Англичаните Ана Пенингтон и Андрју Харви, според кои Конески, како писател на македонски јазик, има привилегија да наследи богата фолклорна традиција, и тоа со толкава непосредност каква што тешко може да постигне некој писател од Запад, Манфред Јенихен во поезијата на Блаже Конески го потенцира финото чувство на национално достоинство, а пак Јон Милош неговото орфејско чувство за поезија.

– Цилина Јуда вели дека без да се запознае творештвото на Конески не може да се има претстава за современиот научен, културен или општествен пејзаж на Македонија, а Владимир Кржиж најзначајната стихозбирка на Конески „Везилка“ ја става во редот на светските книжевни дела. Од своја страна, Дагларџа, добитникот на „Златниот венец“ во 1974 година, восхитено пишува дека преку стиховите на Конески преведени на турски јазик имал среќа да го доживее прекрасното македонско поднебје…, наведува издавачот на книгата.

Еден друг добитник на „Златниот венец“, Шпанецот Хусто Хорхе Падрон, констатира дека Конески навлегува во сферата на мисловноста и интимноста, евоцирајќи ги подеднакво модерното и историското и поврзувајќи го митското со секојдневното, со јазик на течна транспарентност, а во исто време тврд како дијамант. Унгарецот Золтан Чука, пак, голем познавач на литературите на јужнословенските народи, ќе напише дека лириката на Конески е редок пример во светската поезија каде што личната несреќа толку спонтано, уверливо и трагично се идентификува со општата национална несреќа, а познатиот грчки писател Костас Валетас ќе го квалификува како „патријарх на македонското писмо“.

Во книгата се опфатени осврти за Конески од автори од Велика Британија, Германија, Франција, Унгарија, Грција, Шпанија, Италија, Турција, Русија, Полска, Чешка, Данска, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија… Изданието го приредија Раде Силјан и Паскал Гилевски, а автор на портретот на Конески е академскиот сликар Павле Кузмановски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска