Издавачката куќа „Слово“ од Скопје објави книга раскази од Благоја Иванов, насловена „Птиците од дворот“.
– Книгата говори за луѓе, најчесто од нашето поднебје, околу кои се плетат различни приказни, интимни исповеди, случки од катадневието, а напати станува збор за настани од минатото време, возбудливи, убави, но и непријатни, соопшти издавачот за новата книга на Благоја Иванов.