Издавачката куќа „Бегемот“, за Саемот на книгата 2015 ја објави збирката раскази „Книга од песок“ од Хорхе Луис Борхес, во превод на Ненад Велковски.
Во збирката, која се состои од 13 раскази, Борхес, се наведува, ги продолжува своите творечки искуства, слободно користејќи ги културолошките, историските, литературните и филозофските контексти, а фабуларните настани ги обојува со авторска интелектуална рефлексија.
– Расказите од оваа збирка ја засегнуваат темата на алтер егото, љубовта, судбината, претпоставениот ерес, на вечните дела и на мистериозната и фасцинантна книга, бескрајна како песокот…, наведува издавачот.