Клуб „Матица“ ја почнува акцијата „Со книга на плажа“

Од:

Клуб „Матица“ денеска ја почнува летната книжевна акција „Со книга на плажа“, која ќе трае до 20 август.

Читателите и членовите на Клубот „Матица“ го избраа хитот за ова лето, годинава  тоа е најновиот роман  на Халед Хосеини „И планините одекнаа” кој, како што соопшти „Матица“, освоил милиони читатели во светот.

Издавачот ги издвојува и најновото остварување на Розалинд Лејкер „На бал со кралот”, Линвуд Баркли со „Страв од најлошото”, Стефани Дреј со „Песната и Кринот од Нил” …

Покрај литература од сите македонски издавачки куќи, ќе бидат понудени и изданија од најголемата балканска издавачка куќа „Лагуна”, со попуст до 33 отсто.

Специјален гостин на отворањето на акцијата е македонскиот поет Тихомир Јанчовски, кој од 19 часот пред Клубот „Матица“ ќе ја потпишува својата најнова книга „Староста може, а и не мора да се дочека“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска