Кларинетистот Ристо Ѓоревски кој во петокот имаше солистички настап на 11. Московски меѓународен фестивал за славјанска музика, денеска во Москва настапи и заедно со пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска, изведувајќи дела и од македонски автори.
На концертот учествуваше и дувачкиот квинтет на московскиот Бољшој театар. Македонските уметници учестуваат и како членови на меѓународното жири на комисиите за дувачки инструменти и за пијано во рамки на фестивалот.
Московскиот меѓународен фестивал за славјанска музика годинава е посветен на четири држави меѓу кои и Република Македонија. Ристо Ѓоревски настапи на свеченото отворање на фестивалот, а се претстави со светска праизведба на композицијата „Седумка” на Дамир Имери. Беше придружуван од Московскиот државен академски симфониски оркестар под раководство на Павел Коган, под диригентска палка на Александар Сиднев.