Ќе се промовира втората книга филмски рецензии од Тони Цифровски

Од:

Во Кинотеката на Македонија ќе се одржи промоцијата на втората книга со рецензии за филмови од Тони Цифровски, под наслов „Кинеење 2 (следната генерација)“, што ќе биде претставена во вторник, 7. април од 12 часот.

Ова издание е збирка од 60-тина рецензии за филмови прикажани на домашниот редовен или фестивалски кино-репертоар во период од 4 години (од 2011 до втората половина на минатата година). Во рецензијата за оваа книга писателот Гоце Смилевски, меѓу другото, истакнува: „Филмските критики на Тони Цифровски, освен што ги остваруваат веќе посочените цели од сферата на естетското, но и од едукативното, можат да се согледаат и како историја на кино репертоарот во Македонија во периодот во кој се пишувани…“

kinenje2

Со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, книгата излезе во печат под етикетата на Издавачката куќа „Маска“ од Скопје.

Делото ќе го промовираат м-р Мими Ѓоргоска Илиевска, директор на Кинотеката на Македонија и Тодор Кузманов, новинар и критичар во Македонското радио.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска